Skip to content

Предлог детска книга – Мартин Идн од Џек Лондон

Овој роман  е еден од најпознатите романи на Џек Лондон со кој се здобива со светска слава.

Главен лик во романот е еден обичен морнар. Неговиот живот драматично се менува на кога го спасува од банда хулигани Артур Морс, човек кој припаѓа на богатата класа, класата на интелектуалците. 

Тој одлучува да му се заблагодари со тоа што го кани Мартин на ручек да се запознае со неговото семејство. Мартин Еден, тогаш се наоѓа во непозната и чудна околина – слики висат на sидовите на големата куќа на неговите нови познаници, има многу книги насекаде, свират на пијано пред ручек.

Сето ова го освојува Мартин. Но, се чини дека најголем впечаток му остава сестрата на Артур, Рут која за него претставува класичен пример на духовност, чистота и божественост. Тогаш, тој е одлучен да направи сé само да стигне до нејзиното срце. 

Кога дознава дека таа не сака необразовани момчиња,  тој почнува да навлегува во  светот на книгите преку кои почнува да се спознава подобро себеси и одлучува да стане писател. Но, се чини дека писателската кариера не е воопшто лесна и дека патот до успехот е посеан со трња. Но, и оној на љубовта. Како што вели самиот писател, љубовта во буржоаскиот свет е можна само во рамките на буржоаскиот морал.

Многу сликовита и реална приказна за класното општество на почетокот на 20 век. Дали на крај Мартин ќе го освои срцето на Рут и дали неговите книги ќе достигнат успех? Прочитајте го овој делумно автобиографски роман на Џек Лондон кој ги освои срцата на неговите читатели низ целиот свет и кој е екранизиран веќе неколку пати.

Видете и Предлог книга за денес – Патување во Индија од Едвард Морган Форстер.

Напишете коментар