Skip to content

Ден – Октавио Пас

Од кое небо паднат,
ох чудесен,
постојан осаменику во бранот на времето?
Траење си ти,
време што созрева
во еден голем миг, проѕирен:
стрела во воздухот,
белина восхитена
и простор веќе без сеќавање на стрелата.
Дену создаден од празнина и време:
ме напушташ, го бришеш
името мое и тоа што сум јас,
со тебе исполнувајќи ме: светлина, ништо.

И се лелеам, без себе веќе, чисто постоење.

Избор и препев: Матеја Матевски (1992)

Напишете коментар