Skip to content

Мисли за пролетта која е на самиот праг

Зимата речиси е пред крајот, уште малку ќе ја испратиме и календарски. Во исчекување на пролетта која само што не пристигнала, се потсетуваме на мислите кои луѓето низ историјата ги кажале за ова годишно време. Прочитајте ги во продолжение!

„Пролетта донесува сеќавање на нечија невиност,
Летото доаѓа и ни носи веселба,
Есента доаѓа и ни носи почитување,
Зимата доаѓа и ни носи истрајност.“ – Јоко Оно

„Кога ќе дојде пролетта дури и лажната пролет нема никакви проблеми освен каде да се биде најсреќен.“ – Ернест Хемингвеј

„Дали доаѓа пролетта?“, го праша.
„Што се случило?“, возврати.
„Зарем не гледаш дека сонцето сјае на дождот и дождот паѓа на сонцето?“ – Франсес Хоџсон Барнет, Тајната градина

„Тоа е повторно пролетта. Земјата е како дете кое ги знае песните напамет.“ – Рајнер Марија Рилке

„Да немавме зима, пролетта немаше така да ни прија.
Ако понекогаш сме немале горчлив вкус и неуспех
успехот не би ни бил добредојден!“ – Ан Бредстрит

„Пролетта покажува што може Бог да направи со едноличен и валкан свет“ – Вирџил Крафт

„Можат ли зборовите да го опишат мирисот и вкусот на пролетта?“ – Нелтје Бланшан

„Нешто во воздухот прави да се чувствувам како да летам, пролетен лет!“ – Агата Кристи

„Сакам со тебе да го правам она што пролетта го прави со црешните.“ – Пабло Неруда

„Кога пролетта ќе дојде тревата расне сама од себе.“ – Тао Те Чинг (Лао-Це)

„Живиот човек ништо не може да изгуби што една пролет не би можела да му го врати, ниту може човекот да биде трајно несреќен додека Бог дава душата да се лекува со заборав и земјата да се обновува со пролетта.“ – Иво Андриќ

„Не може да ѝ се рече на пролетта: „Дај Боже да стигнеш поскоро и да траеш подолго.“ Може само да се рече: „Дојди, благослови ме со твојата недеж и остани колку што можеш.“ – Паоло Коелјо

„Сè поблиску сме до пролетта. И не сме толку блиску ние до нејзе колку таа до нас. Пролетта да не доаѓаше сама, никогаш немаше да стигнеме до нејзе.“ – Душко Радовиќ

„Нема зима која трае засекогаш ниту пролет која го прескокнува својот ред.“ – Хал Борланд

„Чувствувам ќе полудам оваа пролет поради некоја далечна убавина.“ – Десанка Максимовиќ

„Малку лудило во пролет е здраво дури и за кралот.“ – Емили Дикинсон

„Пролетта е срце полно надеж и чевли полни дожд.“ – Непознат автор

„Кога би можел повторно да живеам, со пролетта би тргнал босоног да одам и така би одел до крајот на есента.“ – Борхес

Прочитајте ги и овие мисли за промената.

Напишете коментар