Skip to content

Ајде да се сакаме – Софија Величковска

Кога човекот нешто многу сака

неговите очи имаат сјај

како на мало невино детенце,

а нашите пусти се.

Од нашите само завст излегува…

Па ајде да се сакаме.

Кога човек човека искрено љуби

пулсот на неговото срце е нормален..

Кога не љуби, тој умира.

Ајде да се сакаме.

Зошто упорно меѓусебно војна водиме?

А луѓе сме.

Сите исти, а сепак различни.

Од крв и месо,

а срцето камено ни е.

Колку ми недостига времето

кога бевме малечки палавковци

и воопшто не се грижевме за ништо..

Единствената грижа ни беше симпатијата.

Единствената мака ни беше:

“Ах зошто јас да мижам, сакам да се кријам”..

Тоа беше времето кога ние се сакавме.

Ајде и сега да се сакаме.

Љубов да шириме,

оти некој заборавил на таа емоција.

А повторно не знам што зборувам.

Не знам за каква љубов пишувам

кога вие ја уништивте од сите страни.

Секоја вистина ја направивте лага,

секоја лага ја направивте вистина.

И сега јас за каква љубов да ви зборувам?

Секоја ноќ ја поминуваме осамено, а зошто?

Затоа што сме тркалезни топки кои само рушат,

кои само рушевини прават во срцето,

топки кои скокаат од зло на зло,

топки кои парчосуваат секаква надеж за поубави времиња.

Ние сакаме да се мразиме.

Ние станавме толку бездушни

што сакаме да не се сакаме…

Па ајде повторно ве молам.

Ајде да се сакаме.

Теретот е поголем кога на грбот носиш мразење,

а не бескрајна љубов во бои на виножитото.

Ајде сакај ме.

Ајде ќе те сакам.

Ајде да се сакаме.

Ајде сакајте се и вие!

Софија Величковска

Напишете коментар