Skip to content

Букети срце – Дијана Станчевска

Букети, букети,
искинати срца,
прицврстени,
исечени,
завиткани во целофан,
тие венеат,
собрани,
заштитени,
прицврстени,
воздухот
на овој свет
не е за нив,
срцата за слобода
бараат
да можат да цветаат.
Нуркаат
низ
облаците, летаат во морињата штом
љубовта ги обвива
со својот мирис.
Букети, букети,
срца искинати,
исечени,
прицврстени
завиткани во целофан.

Дијана Станчевска

Напишете коментар