Skip to content

Планина на успехот – Ангелина Василевска

Што се подразбира под терминот успех во денешното современо секојдневие? Одговорот на ова прашање е дека секој од нас има различно сфаќање за овој поим. За некој успехот се дефинира преку чувството на среќа, за друг слободата е симбол за успех, за трет успех е пак материјалното богатство. Иако, кај сите нас заедничко е тоа што сите целиме и сме насочени кон негово постигнување. Успехот како универзална појава е поврзан со карактеристиките: храброст, амбиција, лидерска способност, интуиција, флексибилност и сл. Меѓутоа успехот не се постигнува преку ноќ.

Тој е резултат на постојана напорна работа. Се создава секојдневно со мали, но значајни напори, со замисла за секојдневно лично себеподобрување и насочено постигување на своите планирани цели. Бидејќи нема формула за успех, тој е резултат на нашиот вложен труд, посветената работа, секојдневното ангажирање и стремење кон целта, постојано учење нови нешта. Затоа не настојувајте кон тоа само да поминете полесно во некоја ситуација, туку потрудете се да бидете подобри, да станете најдобрата верзија на себеси. Бидејќи не е доволно само да сонувате дека еден ден ќе бидете успешни, работете на себе и на своите амбиции затоа што само така ќе постигнете повеќе и вашиот талент ќе исплива на површина.

Бидете ентузијастични, самоиспиративни, фокусирајте се на вашите амбиции и бидете упорни. Не плашете се и не откажувајте се, дури иако доживеете неуспех бидејќи во секој од нас има двжечка сила за моќ која не води кон остварување на нашите замисли.
Секогаш имајте на ум дека за да постигнете успех во некоја област или на некое поле не треба никогаш да се плашите од неуспех, бидејќи тој е неизбежен, тој треба да ни биде само поттик да продолжиме понатаму кон постигнување на нашите цели. Исто така секогаш треба да си поставиме јасна цел, и да се ориентираме кон неа, бидејќи само јасно поставената цел е предиспозиција за постигнување успех.

Секогаш радувајте се на вашиот напредок (без разлика на неговата големина) зошто тој е ваш репер за уште поголеми достигнувања. Бидете активни. Дејствувајте насекаде. Не чекајте погоден момент за успех бидејќи ништо не доаѓа само од себе. Имајте широки видици. Гледајте од различна перспектива. Преземајте ризици, учете нови работи, бидете оптимисти, верувајте во себе, создадете свои навики и негувајте ги, размиислувајте со своја глава (бидете ментално активни), менаџирајте го вашето време. Учете од успешните, бидете одговорни, стекнете само дисциплина, бидете вредни (работливи), не се откажувајте, бидете организирани.

Затоа што успехот е тоа што не иснпирира и мотивира кон подобро, кон постигнување повеќе. Успехот значи постигнување вистински цели преку задоволување на своите потреби. Успехот значи страст, исполнување на животот, искористување на сопствениот потенцијал. Токму затоа успехот е универзална појава која значи реализирање на одредна намера или цел. Не смееме да заборавиме на најважното, дека успехот е универзална прифатеност која што не мотивира да се бориме со самите себе, да се победиме себеси.

Психолог Ангелина Василевска

Напишете коментар