Skip to content

„Зад нејзините очи“, предлог серија базирана врз истоимениот роман од Сара Пинборо

„Зад нејзините очи“ е британска натприродна психолошки трилер серија создадена од Стив Лајтфут. Базирана е на истоимениот роман од Сара Пинборо во 2017 година. Премиерно беше прикажана на Нетфликс на 17 февруари 2021 година. Во серијата која има 6 епизоди во главните улоги играат Симона Браун, Том Бејтмен, Ева Хјусон и Роберт Арамајо.

Накратко за содржината

Луис е самохрана мајка, работи како секретарка и е заглавена во секојдневието. Ноќта кога ќе излезе во еден бар се среќава со  еден симпатичен човек и помеѓу нив се раѓаат искри. Тој заминува веднаш откако ќе се бакнат, а таа е воодушевена што конечно најде некој што ѝ се допаѓа.

Кога Луис ќе пристиге на работа таа случајно дознава дека новиот шеф е токму тој истиот Дејвид,  човекот од барот. Таа дознава дека тој е оженет и тој ѝ вели дека бакнежот бил ужасна грешка. Меѓутоа чувствува огромна блискост и симпатии кон Луис.

Набрзо Луис “случајно“ се запознава со Адел, која вели дека е осамена, дека после преселбата во новиот град нема пријатели и ја поканува Луис на кафе. Дејвид и Адел изгледаат навидум совршено како брачен пар. Но поради што Дејвид е перфекционист, не може да ѝ верува на својата сопруга, а таа пак се плаши од него?

Луис полека ќе влезе во животот на Дејвид и Адел. Ќе почне да открива многу прашања што немаат одговор. Едно нешто коешто е кристално јасно е дека нешто во тој брак е многу, многу погрешно.

Ние препорачуваме да ја прочитате книгата „Зад нејзините очи“ и задолжително да ја изгледате серијата. Одговорите сами по себе ќе се отквираат, дури во последните две епизоди или во расплетот во книгата.

Погледнете го официјалниот трејлер на видеото.

Напишете коментар