Skip to content

Артур Лундквист – Мравки

Артур Лундквист (3 март 1906 – 11 декември 1991) бил шведски писател, поет и литературен критичар, член на Шведската академија од 1968 до неговата смрт дваесет и три години подоцна. Првата книга поезија „Жар“ ја објави во 1928 година. Има објавено над 80 книги поезија, проза, есеи и патописи. Со антологијата „Петмина млади“ во 1930 година го навести модернизмот. Како еден од највидните членови на Шведската Академија, во 1983 година Лундквист се противи на доделувањето на ова престижно признание на Вилијам Голдинг, сметајќи дека Нобеловата награда требало да ја добие Клод Симон (Симон ќе стане нобеловец три години подоцна). Во 1958 г. ја добил Лениновата награда за мир. Во 1977 г., го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

Мравки

Го освојуваат светот.
Земјата се рони под нозете
што им ги газат патеките и кои ќе бидат нападнати.
Мравките ги гризат ѕидовите на куќите и тие ќе паднат.
Ќе исчезне светлината зашто ќе ги исполнат ламбите.
Се пробиваат во оклопот на човечкото тело
и го разоруваат како црн оган.
Го гледаат од изгризените зеници.
Од дрвјата слегуваат врз уморените гради
и коњите цели ноќи не можат да се смират.
Наутро од чевлите
ги тераат само со шмркови.
Влегуваат во сефовите и уништуваат се што е вредно.
Ги напаѓаат печатниците и застануваат место тастатурата.
Ги покриваат колосеците и возовите излегуваат од шините.
Ги освојуваат градовите и ги уништуваат складовите.
Нема каде да се избега.
Нема одбрана од множеството мравки.
Умираат во милијарди но не се предаваат –
за тлото се врзани како со лет-ламба.
Се раѓаат со задача.
Растат се поголеми и поголеми во оклопи и се поуочливи,
Продолжуваат со нападот дури и кога половината од телото ќе ја урнат.
Гумата ја јадат како леб, пијат млеко и виски без разлика.
Непробојни се како мраз и оган земени заедно.
Победуваат се
А, можеби се без волја за моќ.

Напишете коментар