Skip to content

Јас не сум твоја – Лина Димоска

Јас, ваква каква што сум, не постојам.
Мене ти ме создаде.
Ме создаде за да бидам твоја.
Јас не сум создадена за да растажам некој.
Не сум создадена за да направм некој несреќен.
Не сум создадена да повредувам.
Да пустошам.
Да ги распарчувам душите на другите.

Ако во мојот поглед не потонуваш,
ниту гледаш силни огнови кај што пламтат,
туку само празен поглед среќаваш,
јас не сум твоја.

Ако низ насмевкава не ми ги читаш солзите,
туку веруваш дека искрено се смеам,
јас не сум твоја.

Ако мојот допир ти ја пара кожата,
те повредува,
ти нанесува болка,
наместо да ти ја разнежува кожата,
јас не сум твоја.

Ако во душата не ти цутат зумбули
додека ме гледаш како доаѓам кон тебе,
како те прегрнувам,
како ти ги откопчувам копчињата од кошулата,
како те мирисам,
како тонам во тебе,
јас не сум твоја.

Ама мене ти ваква ме создаде.
Ме создаде за да не те повредам.
Ако те повредувам,
јас не сум твоја.

Напишете коментар