Skip to content

Љубов во прво лице еднина – Софи Индовино

Ќе се сакам себеси толку силно, онолку колку што ми крвареше срцето од трновите на туѓата омраза.

Ќе полетам толку лесно, растоварајќи го теретот од своите изморени крила.

Ќе лебдам  како глуварче дувнато од тригодишно дете во весела неспретна игра..

Кожата ќе мириса на свежо нане помешано со утринска роса..

Во очите ќе ми се всели Андромеда  и завиорени таласи од ѕвездена прашина.

Во косата сончевина, а во срцето убавина…

Тогаш кога ќе се засакам  себе..

Софи Индовино

Напишете коментар