Skip to content

Зошто си ти, ти – Анастасија Лефкоска

“Зошто па јас?”
“Штознам… Ти има нешто во очите. Што е, не знам, ама знам дека ако сега снема струја, ако светот се обвие во темнина, само ѕвездите на небо и очите твои ќе светат.
” А да ги немав? ”
” Што да немаше? ”
” Па очите. ”
” Пак ќе беше исто само ќе ти светеше насмевката. Ќе ме влечеше насмевката наместо очите. Знам, не се смееш многу ама ќе се трудев… Секогаш и секаде ќе се трудев.
“А да ја немав и неа? Да ја немав и насмевката?” Подголтна. Се насмеав. “Да немав ништо од ова што ми го збориш, да беше сѐ однаопаку, да беше сѐ поинаку?”

“Знаеш,” почнав. “Често кога не знаеме да кажеме зошто се криеме зад овие муабети. Очите ти се убави, насмевката ти блеска, косата ти е прекрасна. Ама вистината е, барем сега во овој момент, тука, на овој свет, под ова небо, јас не знам зошто ти. Ама знам дека сѐ додека си баш ти, ти, ќе те сакам. Сакаш биди без очи, без заби, без коса, без сите тие работи што ми ги наброја и што ти се вртат в глава, пак ќе те сакам и пак ќе биде исто.

Изгледот, мораш да разбереш, кога станува збор за љубовта, онаа вистинската, е тривијална работа. Во споредба со душата дури и непотребна.
Да ти одговорам на првото прашање подобро, прашај ме пак. “

” Зо – зошто па јас?”
” Зошто си ти, ти и никој друг на светов.” Се насмеав.

Од “Дневникот на една будала

Напишете коментар