Skip to content

32 занимливи факти за жените ширум светот

Меѓународен ден на жената – светски празник што се одбележува секоја година на осми март. Ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-ти век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење. Во ниту една западна земја осми март не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, осми март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.

По тој повод ги споделуваме следниве занимливи факти за жените кои е убаво да се прочитаат. Можеби жените и не се толку комплциирани кога ќе ги запознаете подобро!

1. Жените се слаби на животни бидејќи ги потсетуваат на бебе. Пропорциите на лицето кај бебињата е значително поинаков од пропорциите на лицата кај возрасните луѓе – големи очи, високо чело, големи образи и мала брада. Сите овие показатели според научниците, потсвесно ги “програмираат“ жените. Тие добиваат потреба да се гржат за тоа слатко и беспомошоно битие. Се покажало дека животните како мачките, малите кучиња и зајаците имаат сличен контраст на пропорции и создаваат впечаток на ранливо бебе кое треба да се заштити.

2. Мирисот на саканиот маж ги смирува жените. Истражувачи спровеле истражување и дошле до заклучок дека мирисот на саканиот маж го снижува нивото на стрес кај жените. Во експериментот учествувале 96 парови. Мажите облекувале чиста маица која ја носеле цел ден. После тоа тие маици им се поделени на жените и тие не знаеле кому припаѓа маицата. Како резултат на тоа, жените кои ги добиле маиците на своите партнери во текот на тестот имале помало ниво на стрес. Кај оние кои ги мирисале маиците на странците забележан е раст на кортизол – хормон на стресот поради кој биле нервозни и уморни.

3. Жените во просек секој ден изговараат околу 20 000 зборови, а мажите 13 000.

4. Жените во античкиот Рим користеле пот од гладијаторите за да го поправат тенот.

5. Во текот на животот жените поминуваат околу една година одбирајќи ја облеката што ќе ја носат.

6. Срцевиот удар кај жените наместо со болка во прстите често се манифестира преку мачнина, проблеми со варењето и болка во рамената.

7. Срцето на жената чука побрзо од срцето на мажот.

8. Во текот на целиот живот жените имаат менструација со вкупно траење од четири години.

9. Жените на јазикот имаат повеќе папили за вкус.

10. Некои жени имаат генетска мутација која им овозможува да гледаат неколку милиони повеќе нијанси боја.

11. Повисоките жени се посклони кон заболување од рак.

12. Најголем број деца кои ги родила една жена се 69.

13. 68% од жените рекле дека би имале вонбрачна афера кога би биле сигурни дека нема да ги откријат.

14. Жените најчесто умираат од срцеви болести.

15. Само 2% од жените себеси си се опишуваат како “убави“.

16. Жените трепнуваат 19 пати во минута, а мажите само 11 пати.

17. Во Нигерија жените просечно имаат по седум деца – ова е најголема стапка во светот.

18. Дури 80% од жените носат погрешна големина на градниците.

19. Жените почесто страдаат од ноќни мори и имаат поемотивни сонови.

20. Просечна жена ќе помине околу 287 денови во текот на животот одлучувајќи што да облече за состанок, работа или вечера со пријателите.

21. Мирисот на новороденчето кај жените предизвикува иста реакција во мозокот како кога наркоманот ќе ја добие својата долгоочекувана доза на дрога.

22. Студија спроведена на над 3000 жени на возраст од 18 до 65 години открила дека жената во просек чува тајна 47 часа и 15 минути.

23. Жените кои се зависни од шопинг имаат помалку брчки и се чувствуваат значително помлади од оние кои не спаѓаат во оваа категорија.

24. Жените кажуваат околу 3 лаги на ден, а мажите лажат два пати повеќе, кажуваат околу 6 лаги на ден.

25. Жените имаат два пати повеќе рецептори за допир отколку мажите, но и многу поголема толеранција на болка.

26. Секои 90 секунди една жена умира во текот на пораѓај. Многу од овие смртни случаи можат да се превенираат, но поради родово-базирана дискриминација на многу жени не им е дадена соодветна едукација и грижа која им е потребна.

27. Жените ретко се вклучени во формалните процеси за мир. Тие вообичаено не се застапени во донесувањето одлуки и не се воени лидери како вообичаени учесници во овие процеси.

28. Жените добиле право за гласање во Америка во 1920 година.

29. Повеќе од 16,4 милиони жени во светот имаат ХИВ.

30. Над 60 милиони девојки ширум светот се мажат уште како деца, пред да наполнат 18 години.

31. 603 милиони жени живеат во држави каде што домашното насилство не се смета за кривично дело.

32. Жените се вљубуваат побавно од мажите.

Прочитајте ги и следниве факти за виното (неговиот настанок, легендата и друго).

Напишете коментар