Skip to content

Денот на жената – Јасмина Михајлоска

  • by

“Here’s to strong women. May we know them. May we be them. May we raise them.”

Ја имаме сигурно сите прочитано историјата на денов, да не се повторуваме дека денов означува борба за рамноправност. Ама зошто само денес да славиме? Обичен вторник во мај, обичен петок во септември, ако сакаме да си купиме цвеќе/книга, ќе си купиме, ако сакаме да одиме во кафана да пиеме, ќе одиме. Кога сакаме ќе славиме, што сакаме ќе славиме, па за малку ли работи е заслужна жената? Жената е мајка, жената е смислата на еден дом, жената е мозокот во работата. Докажано е дека женските полесно издржуваат болка, дека психички се борат со поголеми проблеми и сепак излегуваат на крај.

А со години не можеме да добиеме рамноправност дека сме “понежниот пол” , има дискриминација дека сме “понежниот пол” и има злоупотреба дека сме “понежниот пол”… А што нè спречува да кажеме дека ние сме посилниот пол? Како што е Валентајн “денот на заљубените”, а всушност кога некого сакаш, го сакаш секој ден. Така и 8-ми Март е “денот на жената”,  а всушност секој ден е наш. Ама ајде… Среќен нека ни е денешниот ден и секој после него.

Јасмина Михајлоска

Напишете коментар