Skip to content

Четири лалиња

Донесе лалиња. Ги стави во вазната. Сите беа во различна боја. Црвено, жолто, бело и розово. Личеа на букет кој никогаш не го доби. Реши да си го купи самата и да се израдува тој пролетен ден. Живееше сама и немаше со кого да ја сподели радоста на сонцето. Тешката зима замина и чувствуваше олеснување.

Беше ѝ поминал целиот живот. Беше на неговото зајдисонце и пролетта ја потсети на младоста. Не очекуваше дека еден ден ќе заврши сама, дека нема да најде сродна душа, човек со кого ќе дели и добро и лошо.

Ги броеше лалињата. Четири се, а таа е сама, една единка без никој никого.

„И на лалињата им е поубаво од мене“, тешко воздивна.

„Заедно живеат, заедно ќе овенат.Јас венеам сама, како цвеќе во пустина кое изникнало само и се бори со ветришта кои доаѓаат од сите страни.

Но, има една сила која секогаш ме буди наутро и на која сум благодарна. Еден ангел кој ме чува oд небото, тој ми дава сила. Само една искажана молитва е доволна за да го преживеам денот. Да не овенам, таа е моето сонце. Таа е мојата вода кога сум жедна, мојата храна кога сум гладна. Венеам, но и оживувам.  Но, еден ден ќе ме зграпчи молитвата, ќе во вовлече во нејзините прегратки и ќе ме останам во неа. Само ќе се молам, зошто ќе се претворам во молитва, молитва која само јас ќе  ја слушнам.“

Напишете коментар