Skip to content

Те видов – Јелена Ѓиноска

  • by

Те видов таму каде што не требаше, таму каде што најмалку беше посакуван.

Во онаа мала пукнатина на мојата душа,

мојата совест,

моето срце.

Како мало, незабележливо пукнатинче врзано во чворовите на моето битие.

Те видов…

Те видов и во сите замижани очи.

Те видов во секоја приказна што не беше нашата, а беше споделена со некого.

Стоеше без колебање, чекајќи ме…

Да се освестам, да те забележам…

Да те сакам!

Како некој пред тебе и никој после тебе,

да те бакнам како никој пред тебе и никој после тебе.

Те видов и додека капките дожд паѓаа како олово врз ладниот асфалт

и сè што сакав е да уживам сама со својата сенка.

Седеше непоколебливо водејќи љубов со мојот дух.

Кожата крена револуција,

срцето го бараше својот пат за бегство,

разумот одамна беше исклучен.

Те видов…

Те видов со сите твои мани и прекори.

Те видов во целата злоба од која се воздигнаш,

црнилата од тебе се одвојуваше како старата кожа на змијата.

Те видов и кога беше тажен после скршено срце,

те видов како паѓаат твоите солзи и твоето срце се крши само во тишината.

Уште ми одѕвонува звукот на кршењето на твоето срце,

а мојот лепак е одалечен од тебе за неколку години.

Држи се љубов ти викам во немата тишина.

Држи се тука сум те гледам веќе некое време.

Ти ги гледам пукнатините на душата како што ги гледаш и ти моите.

Држи се цврсто за себе си,

ќе ми треба твоето сè еднаш кога светов ќе запре.

Јелена Ѓиноска

Напишете коментар