Skip to content

Убав е – Сузана Божиновска

Колку е само
убав денот…
Воздухот ладен.
Студот влегува
низ секоја човекова пора.
Температурите ниски.
Минусот делува,
не само на телото
туку и на умот
Рацете вкочанети
вцрвенети од студот…
Но сепак денот е убав!
На душата ѝ е убаво.
Еден мал поглед
скриен онака тајно
како зајак во грмушка
успева минусот
да го претвори во плус.
Успева да ја завитка душата
со топла ткаена јамболија.
Успева да го стопли
ладното човеково срце,
да го оживее
скочанетото тело.
Колку е само убаво!
Колку е само чудесно!
Колку е само…
да убав е денот.
Убав е ако човекот
дозволи да е таков.
Убав е ако има кој
да го направи таков.
Навистина е убав.

Сузана Божиновска

Напишете коментар