Skip to content

Да не постоеше ти – А. Лефкоска

Да не постоеше ти празна ќе ми беше душава,
и таа песна што ме прати низ животот непостоечка.

Да не постоеше ти, ко војник в пустина за капка вода цел живот ќе умирав,
црно – бело ќе сонував и по нешто незнаејќи ќе тагував.

Да не постоеше ти животов ќе ми беше ко невкусна каша,
и пенкало никогаш немаше да фатам в рака.

Ама чим си тука, чим дишеш и се смееш и илјада чувства предизвикуваш,
и душава ко душа близнак ненамерно ја повикуваш,
ќе ти пеам песни со лира пратени,
ќе ти пишувам книги со црно мастило напишани,
ќе излегува поезија од името твое в срце врежано,
ќе се исполни она што пред раѓање е ветено.

Напишете коментар