Skip to content

Васил Гарванлиев годинава ќе настапи на Евровизија со „Here I Stand“ (Видео)

Минатата година поради светската пандемија Евросонгот беше откажан и истиот не се одржа. Песните што требаше да бидат испеани тогаш и да се натпреваруваат за избор на победничката годинава ќе бидат заменети со нови. Нашиот претставник Васил Гарванлиев лани не успеа да ја изведе песната „You“ („Ти“) на големата сцена во живо иако видео спотот беше снимен. За среќа оваа година Васил доби втора шанса за да ја претставува Македонија на Евросонг. Тој денеска ја промовираше песната „Here I Stand“, со која ќе ја претставува нашата земја на  Евровизија во Ротердам.

„Среде хаосот и разочарувањето минатата година, ја напишав ‘Here I Stand‘ во еден здив, без некоја специфична цел и фокус. Длабоко сум почестен што ќе имам можност да ја претставувам Македонија на Евровизија со песна инспирирана од моето лично искуство. Иако песната ги отсликува мене и мојата животна приказна, верувам дека ќе ги допре сите, односно ќе допре до сите нас кои сме поминале низ трнлив пат, сме воделе тешки битки и повторно на крајот сме ја зачувале насмевката“, вели Гарванлиев.

Полуфиналните вечери ќе се одржат на 18 и 20 мај, а финалето е на 22 мај, при што Гарванлиев ќе настапи првиот ден.

Погледнете го видеото и слушнете ја песната. На Васил му посакуваме многу среќа!

Текстот е делумно преземен од извор.

Прочитајте ја кратката историја на Евровизија.

Напишете коментар