Skip to content

Стар, но снажен орев – Александра Стојановиќ

  • by

Со овој орев снажен

тагата ја делев

но сигрна бев,

на тоа стебло

овој гнев

ќе основа свое легло.

Многу луѓе

по цел ден врват,

но зборовите бледи

никако да ги исцрпат.

Едно дете од

својот дедо велат

го наследило.

Со љубов,

девојчето оревот го храни,

иако во нејзиното срце

многу рани

се збрани.

Некогаш и ти наваму намини,

на овие напатени падини.

На дебелото стебло

тој остави нешто.

“Те чува дедо знај”

напиша за крај.

Александра Стојановиќ

Напишете коментар