Skip to content

Пред Мартовските Иди – А. Лефкоска

На Мартовските Иди се подигнува фасада,
зошто пред Мартовските Иди бебе се раѓа.

Бебе на Сонце и Мастило,
бебе што беше заспало мирно во ноќта кога уште еднаш,
по третпат се испиша историја,
бебе родено во тајна љубов и хармонија,
со Маргаритки опкружено,
од Сончогледови цветови чувано,
со златни песни поетски милувано.

И со кого ако не со нас да се сподели меѓу редови радоста,
за раѓањето на бебето на поетот и музата,
нежно ко цветот на Јаглика,
силно ко мајката,
прекрасно ко цветот на Ружата,
делче доказ за опстојана љубов насред лудоста.

Ко бршлен, ко Ружа, ко Јаглика,
надарено ко мајката,
возљубено од кралството меѓу редови,
токму пред Мартовските Иди никнато ко пролетни цветови.

На Мартовските Иди се подигнува фасада,
зошто пред Мартовските Иди бебе се раѓа.
Бебе од љубов на души – близнаци насред лудоста,
бебето на поетот и музата…

Напишете коментар