Skip to content

Со парите се купува сѐ, но не и среќата – Ивана Јованов

  • by

Да биде богат? – тоа е сон на секој човек. Богатите ги уживаат сите задоволства на овој свет. Но, дали е богатството само во парите или во душата и срцето? Човекот се стреми кон совршенство и тоа нема крај никогаш не е доста, нема идеално.

Народот вели: ,,Човечкото око е ненаситно!” Богатството е немерливо. Дали тој што е богат и што има многу пари е навистина среќен? Можеби-задоволува свои одредени потреби, но сепак тој е депресивен, можеби има спокој и скапа облека и авантура… но тој што има многу, некогаш, дури и често е склон на разврат и уништување-самоуништување, прибегнувајќи кон пороците кои се предизвик на нешто недоживеано, неизживеано.

Некои од  нив кои се богати сепак се хумани, а тоа е една од највисоките човечки доблести да се помогне на немоќен човек, беден човек кој знае да биде благодарен на секој и најмала помош. Тој што е во можност да помогне на немоќниот и бедниот, прави големо дело, дело кое го издигнува духот на највисокиот човечки морал и благодет.

Светот ја живее својата приказна и оди понатаму…остануваат само добрите дела, а хуманоста, тој акт на добра волја е меѓу најдобрите и највозвишените човечки свесни и совесни особини кои ги дарил Бог. Јас мислам дека богатството не го прави човекот-Човек, иако и мојот сон е да бидам богатa и богатството го гледам и го ценам на многу поширок план, не само во пари и материјално богатство туку и богатство по дух, доброта, хуманост, другарство, помош на немоќните и бедните.

Дали парите го прават  човекот среќен? Можеби само задоволен со одредени потреби кои може да ги задоволи, да ги купи, но дали тоа е доволно за да биде среќен? Впрочем со парите се купува сè, но не и среќата!

Јованов Ивана

Напишете коментар