Skip to content

Пролетни зраци – Видое Подгорец

Прокапаа стреите: тик-так, тик-так
тоа е првиот пролетен знак.

Сонцето распрсна снопови зраци
тоа се илјада пролетни знаци.

Зимските луњи минаа, бесни,
птиците чрчорат весели песни.

Набуја првата пролетна трева,
зелено знаме врбата крева.

На ридот жолто расцвета дренот,
ко златен обрач се шири денот.

Заѕвонија камбанките и ѕвончиња
на зумбулите и кокичињата.

По лаки и прелози бујат копривите
ко душа дишат браздите во нивите.

Низ жуборот потокот во долината
ја разнесе веста на годината.

Напишете коментар