Skip to content

Молитва

Делканици од мост со огледалце
Под перница да ставиш
Малку лепче,
Тодорова сабота е вечер
Ќе видиш која е твојата судба
Ќе видиш дали твоето либе
На сон често иде.
Кој ли знае каде те носи
Животот девојко
Со насмевка во коси,
Дали можеби и ти
Ќе завршиш
За љубов страдна
За челад гладна?
Или можеби Бог
Благослов ти носи
Свети Теодор Тирон
Ќе те помилува,
Годинава твојата судба
Ќе те запроси.
Сонувај тивко
Надевај се на среќа
Знај, Свети Теодор Тирон
Не оставил ниту една
Девојка бездетна.
Помоли се вечер
Пред  да си легнеш
И сигурна биди
Дека среќна ќе биде
Годинава што иде.

Напишете коментар