Skip to content

Паднат херој – А. Лефкоска

Не сонувам соништа,
сонувам војни,
сонувам боишта.

Не сонувам песни розови,
гледам битки морничави – грозоморни,
различни униформи иста приказна,
илјада пати препеана,
илјада пати мапирана,
илјада пати победена.

Не сонувам соништа,
сонувам војни,
сонувам боишта.

Па штом се разбудам
ко паднат херој се чувствувам,
лузни невидливи негувам,
не зборувам.

Воопшто не зборувам,
само тивко кафе пијам
и барутот преостанат го издишувам
и штом срцето се смири
приказните ги запишувам.

Напишете коментар