Skip to content

Кај и да е, ќе ни запролети! – Софија Величковска

  • by

Каде ни е пролетта,
јас не ја чувствувам..
И не можам да ја доживеам,
срцата уште ни се студени
како Сибир во нив да престојува.

Каде ни е пролетта,
јас не можам да ја видам
од помодрените очи уште
капки дожд се тркалаат.

Ах, каде ли ни е пролетта,
овенати сме, опустошени,
тенки и незборливи,
човекомразци и заблудни уништувачи..

Кај и да е, ќе ни запролети,
во душата ќе ни запролети…
Кај и да е ќе се освестиме
дека животот е една голема гранка
каде сите птици стојат сплотени!

Кај и да е, насекаде ќе запролети,
ќе омекнеме, нашето тело ќе мириса на лаванда,
а зборот на моите омилени орхидеи…
Верувајте ми..
Кај и да е, ќе ни запролети!

Софија Величковска

Напишете коментар