Skip to content

Кога поетот пишува

Кога поетот пишува сонуваат птиците
Се отвораат ќепенците
Кога поетот пишува заспиваат сирените
Приспивна песна пеат славеите
Кога поетот пишува мечтеат соништата
Се отвораат душите
Кога поетот пишува светнува слободата
Се отвора јазикот на љубовта.

Кога поетот пишува светот се спојува
Очите со благост ги напојува
Кога поетот пишува тој подава рака
Секој со секого да се сака.
Кога поетот пишува мастилото остава траг
Целиот свет да ни биде драг.
Кога поетот пишува капка рана на
Хартијата паѓа,
Нова мисла се создава, се раѓа.

Кога поетот пишува се отвора небесата
Музата ја склопува пиесата
Во занес чувствува божествена сила
Ја повикува Талија, музата мила
Сила да му даде и инспирација
Поезијата е негова животна вокација.

Поезијата нека биде вечна, поету
Да се слави секој ден пишаниот збор
Да пишуваме секој ден
Зошто таа е нашиот вечен сон.

Напишете коментар