Skip to content

Поезија – Анастасија Лефкоска

Капка крв што се слева
низ инаку празна вена,
тоа е поезија.

Роза што на лето цвета
и тоа внатре што ти вели “Скини ја, дај ѝ ја,”
а ти не можеш,
тоа е поезија.

Дел од инструментал на пиано и виолина,
што те влече кон музиката и ти вели “Разбери ја”,
а ти од болка не можеш,
тоа е поезија.

Допир на кожа и морници,
скриени бакнежи,
стуткани во чаршафи воздишки
и тивок глас за белата кожа што ти вели “Бележи ја”,
а тебе срцето за малку ќе ти излезе,
тоа е поезија.

Пет строфи,
секоја во метафори и скриена порака,
меѓу редови запишана приказна,
запишана историја,
е тоа. Тоа е поезија.

Честит нека ни е Светскиот ден на поезијата. 

Напишете коментар