Skip to content

11 севремени мисли од Марко Аврелиј што вреди да се прочитаат

Ако мислите дека секојдневно сте соочени со неправда, случувањата во светот, несогласувања, сопствена неодлучност, недостаток на волја, неуспех, овие мисли од Марко Аврелиј се за вас. Тој пишувал „Самиот за себе“, но неговите севремени мисли важат за поголемиот дел од човештвото денес. Ова го покажала историјата. Марко Аврелиј кој бил римски цар и филозоф живеел според своите уверувања. Тој владеел со длабоко разбирање на светот околу себе. Помеѓу битките и државните должности, Марко Аврелиј пишувал дневник како еден вид интроспкеција. Дневникот се засновал на една идеја: „Имаш моќ над своите мисли, но не и над случувањата од надворешниот свет. Сфати го ова и ќе пронајдеш сила“.

Прочитајте ги во продолжение неговите мисли.

1. „Човечкиот живот е онаков каков што го обликуваат неговите мисли.“

2. „Отфрли го своето чувство на повреденост и раната самата ќе исчезне.“

3. „Секој ден започни го со зборовите: денеска ќе се сретнам со спротивставување, неблагодарност, дрскост, предавство, омраза и човечка себичност, а сè поради тоа што оние кои грешат не знаа што е добро, а што зло. Што се однесува до мене, веќе одамна ми е позната природата на општеството и неговата племенитост. Како и природата на злото и неговата нискост. Ја познавам и природата на самиот грешник кој ми е брат, не по крв, туку поради што е надарен со разум и боженствена искра. И затоа ништо од тоа не може да ми наштети бидејќи никој не може да ме вплетка во некое ниско дело.

На братот не можам ниту да се лутам ниту да се скарам со него бидејќи сме родени за заеднички дела, како рака, нога, веѓи, горни и долни заби. Да се штети на друг значи да се противиш на законот на природата. Бидејќи што е огорченоста или одвратноста, ако не е само еден облик на попречување на работата на природата?“

4. „Секој миг цврст настојувај она што токму сега го правиш да го извршуваш со правилно и природно достоинство, човекољубиво, слободно и праведно. Ослободи го својот ум од сите останати размислувања. Тоа ќе го можеш ако на секое свое дело му пријдеш како да ти е последно во животот. И ако се ослободиш од непостојаноста, ако тие чувства не ги уништуваат заповедите на разумот, ако ја победиш желбата за оставање впечаток и восхитување со самиот себе и ако престанеш да бидеш незадоволен со својата судбина.“

5. „Никогаш не престанува да ме зачудува: се сакаме себеси повеќе отколку другите луѓе, а повторно повеќе се осврнуваме на нивното мислење отколку на сопственото.“

6. „Денеска му побегнав на своето неспокојство. Или подобро да се каже, го отфрлив бидејќи тоа беше во мене самиот и во мојата свест, не надвор од нејзе.“

7. „Секогаш имаш можност да немаш мислење. Нема потреба да ја вознемируваш и измачуваш сосптвената душа поради нештата кои не можеш да ги контролираш. Тие нешта не го бараат твојот суд. Остави ги.“

8. „Со твоите дела нека управува добрата волја како и чувството за заедничко добро, примерна внимателност. Но не и неодлучност. Нека во твоите чувства нема вообразено ситничење.“

9. „Ако овој живот може да ти понуди нешто подбро од правда и вистина, самоконтрола и храброст – што значи смирен ум кој делува во склад со законот на разумот, смирениот ум во сите судбински ситуации. Ако можеш да претчувствуваш некој повисок идеал, зошто не му се свртиш со целата своја душа, зошто не се веселиш на наградата на која наиде?“

10. „На универзумот секогаш гледај како на жив организам со едно тело и една душа. Помисли како сè се содржи во тоа Едно, сè го придвижува еден имплус и сè е причина на сè што се случува. Погледни го само испреплетеното јато на диви птици во лето или сложеноста на ткаенините.“

11. „Човечката душа се вреѓа самата ако допушти да ја совлдаат насладата или болката.“

Прочитајте ги и следниве мисли од Аристотел.

Напишете коментар