Skip to content

Еј па кај си ти? – А. Лефкоска

Еј па кај си ти?
Кај се изгуби?
Те знаат ли твоите дома дека сонуваш?
Те знаат ли твоите дома дека болуваш?
Те знаат ли од дома дека си поет?
Дека си заљубен?
Дека затоа си целиот изгубен и затоа понекогаш сам со себе зборуваш и затоа никаде не излегуваш?
Те знаат ли? Те знаат ли од дома дека имаш рана на душата жива?
Дека кажуваш лаги, а мислиш на една единствена вистина?
Не те знаат нели?
Не те знаат нели, поету?
Да знаат ќе распука светот,
да знаат ни сонетот нема да биде за спас доволен,
да знаат, поету, ќе бидеш убиен и сам од себе повторно роден.
Еј, па кај си ти? Кај се изгуби?
“Се изгубив во душата на музата,
и веќе не ми се излегува.”

Напишете коментар