Skip to content

Увод во Божествената комедија на Данте Алигиери, основа на италијанскиот јазик

Италијанската влада донесе одлука дека 25 март ќе биде Национален ден на Данте во чест на прославениот автор на Божествената комедија, „симбол на унификација на Италија“. Неговата „Божествена комедија“ е најзначајното книжевно дело на средновековниот период и основа на современиот италијански јазик.

Данте Алигиери, филозоф и теолог, симбол на Италија

Данте Алигиери бил филозоф и теолог што се занимавал со религиски и политички прашања во средновековната Фиренца, неговиот роден град. Почнал да ја пишува Божествената комедија во 1308 година на денешен ден, а ја завршил во 1321 година.

Во средниот век, поезијата била главно пишувана на латински јазик, со тоа била достапна само за образованите луѓе. Данте Алигери не само што не ја следел оваа традиција, туку ја напиша Божествената комедија  на италијански јазик – поточно на примитивен тоскански дијалект. Делото се смета за комедија затоа што, во класичен контекст, наспроти современ, комедија е дело кое се занимава со објаснување на подредениот универзум. Божествената комедија се смета за едно од најважните дела на светската литература. Многу писатели и уметници беа толку инспирирани од тоа што, за возврат, создадоа свои ремек-дела.

Божествена комедија

Во поемата „Божествена комедија“ се говори  за патување на самиот автор, кон Бога.

Се состои од три дела: Пекол, Чистилиште и Рај.

Секој дел се состои од 33 песни. Ваквата поделба ја отсликува средновековната теологија специфична за христијанството.

Целта на Божествената комедија на Данте беше да им се покаже на луѓето низ кои ужаси ќе помине нивната душа доколку не се покоруваат на Божјите закони и не ги живеат своите животи на праведен начин.

Симболика на бројките

Постои многу симболика во врска со броевите низ целиот роман. Бројот три е еден од најчестите и најважните. Во Пеколот, првиот дел од Божествената комедија, се среќаваме со три ѕверови, троглавото куче – Кербер и сатаната која има три лица. Причината поради која Данте Алигери го избра бројот три е специфично заради неговото значење во христијанството: тука е Светиот Дух, Бог – Отецот и Исус (светото тројство).

Друг број значаен за „Божествената комедија“ е бројот седум. Во Чистилиштето има седум смртоносни гревови и седум тераси.

И на крај, бројот девет се користи за деветте кругови на Пеколот и деветте сфери во Рајот.

Кратко резиме на Божествената комедија на Данте

На самиот почеток, тој се наоѓа изгубен во една шума и сфаќа дека починал, односно дека се наоѓа во Пеколот.

Вергилиј му помага при патувањето, придружувајќи го низ Пеколот и Чистилиштето. Тој се соочува со ужасите што се случуваат во Пеколот и минува низ деветте кругови од него. На тој начин можеме да го разгледаме подетално секој од круговите на пеколот и ќе ги утврдиме нивните специфики и разлики, како и да погледнеме во Дантеовиот Пекол – односно самиот Сатана. Чистилиште е дел од Божествената комедија во која Данте и Вергилиј патуваат низ седумте тераси на планината, секоја од нив претставува еден смртоносен грев. Во Рајот, главниот лик, со водство на неговата сакана Беатриче, патува низ деветте небесни сфери на Небото. Наспроти Пеколот и Чистилиштето, во последниот дел од поемата главниот јунак наидува на доблести, а не на гревови.

Првиот дел од Божествената комедија започнува со Данте изгубен во шума. Тој е збунет и не знае како стигнал таму:

На средина од мојот живот земен
го изгубив јас така својот пат:
се најдов в шума сам, сред густеж темен.

Автобиорафско портретирање

Данте е протагонист и главен лик на сите три дела од песната. Неговото патување е автобиографско портретирање каде што вклучува многу свои непријатели и историски личности од минатото за сите да интервенираат во комплицираниот свет на рајот и пеколот.

Тој е духовно изгубен и има потреба од водство за да го најде патот на правдата кон Бога – наречен „Вистинскиот пат“. Кога поминува низ круговите на Пеколот, тој често се прикажува како да има милост и сочувство кон грешниците. Тој сфаќа дека тие се виновни за своите гревови, но сепак верува во доброто во нив и смета дека нивните страдања се ужасни. Тој исто така е преплашен од сите ужаси со кои се соочува во Пеколот и се чини дека е малку исплашен. Но, Данте е многу љубопитен, па затоа се обидува да разговара со грешниците кои ги сретнува на неговиот пат.

Тука можеме да ја видиме ранливоста и чувствителноста со кои главниот јунак зборува за своите емоции во текот на целото патување. Неговото сочувство и љубов кон сиромашните души оковани во „Пеколот“ го прикажува  како добар христијанин и богобојазлив човек.

Во шумата, тој гледа планина во близина и се обидува да ја искачи, но патот му го блокираат лав, леопард и волк.

Духот на Вергилиј му помага

Духот на Вергилиј, антички римски поет чие главно дело е Енеида, доаѓа да му помогне да ја преброди оваа пречка и да го одведе низ Пеколот и Чистишилиштето до Небото. Вергилиј е храбра и смела душа. Тој го претставува човечкиот разум и мудрост стекнати низ сите векови.

На нивното патување низ Пеколот, тие се сретнуваат со многу ѕверови и застрашувачки суштества, но Вергилиј се спротивставува на секој од нив. Тој е исто така неверојатно паметен и интелигентен; тој може да измами секое суштество да им помогне затоа што е надарен говорник.

Тој е добар пријател, бидејќи го поддржува Данте и го теши кога ќе се чувствува исплашен или чувствува нелагодност од предизвиците со кои се соочува низ „Пеколот“ и „Чистилиштето“. Вергилиј разбира дека Данте и неговата судбина зависат од него. И покрај тоа, тој е фер кон Данте, го кара кога ќе стане премногу мек и малку премногу ги жали грешниците. Тој го охрабрува да биде силен и храбар.

Испратен од неговата сакана Беатриче

Вергилиј бил испратен да му помогне на Данте од неговата сакана Беатриче. Нејзиниот лик бил инспириран од вистинска жена, исто така се викала Беатриче, која Данте ја запознал кога бил дете и веднаш се за заљубил во неа. За жал, таа починала кога имала само 25 години. Данте напишал многу убави песни посветени на неа, фалејќи ја нејзината убавина.

Данте и Вергилиј се приближуваат до влезот во Пеколот и гледаат група души чија судбина подоцна ќе биде одредена, бидејќи не е јасно дали има повеќе лошо или добро што тие го сториле. За да се стигне до пеколот, мора да се премине реката Акерон. Харон е старец кој ги пренесува душите преку реката. Прво се двоуми дали да го пренесе Данте, бидејќи, технички, тој е сè уште жив, но Вергилиј го убедува да го стори тоа во секој случај, затоа што патувањето на Данте е нагледано од Бог.

Кога влегуваат во Пекол, на нејзината порта гледаат натпис: Но, ти, што ќе го стапнеш овој праг – ЗАСЕКОГАШ ОТКАЖИ СЕ ОД НАДЕЖ!

Ова беше уводот во поемата, наскоро ќе објавиме подетална анализа на сите 3 дела од оваа поема.

Исто така може да прочитате Која била Беатриче, музата на Данте?

Напишете коментар