Skip to content

Дунавски кеј – Aлександра Стојановиќ

  • by

Своите соништа
од рацете ги испиштам,
летајте далеку,
сега им велам.
Натежнаа веќе,
на овие плешки,
се плашам
не ќе можам
низ мрачнава улица,
да продолжам пешки.
Неколку
со себе ќе понесам,
само толку
колку што ќе можам
да поднесам.
Останатите
кај тебе нека долетаат,
оваа тажна љубов,
нека ја опеваат.
Јас како скитник,
продолжувам,
додека во мислите мои
твојот лик твори.
Сношти на сон
ми дојде,
твоите солзи
страниците ги испишаа,
чуствата ги разбрануваа,
тагата ја доградуваа.
Тие зборови
од тебе ги слушнав,
поминувајќи крај Дунав.

Aлександра Стојановиќ

Напишете коментар