Skip to content

Плачливо време – Николина Ќорвезироска

  • by

Има време што за прегратка плаче

Го прегрнувам ..занам дека му треба прегратка

Му измислив прекар бабаче

И сега ене го кај брза – ита од алегро во молто виваче

Немо е сее

Одам по патеките распукани, и ми се плаче

Ни за момент не можам да ја наслушнам музиката

На новото време виваче

Сакам да направам многу нешта за да го вратам

За тоа ми треба многу љубов

Си ветувам од денес место камења и цвеќиња

Ќе собирам љубов..

Но каде расте таа…? Каде расте каменот..?

За цвеќето знам, го берам и слушам ново аудаче.

Николина Ќорвезироска

Напишете коментар