Skip to content

Поетот и Месечина

Под врбово дрво Месечина седнала,
под врбово дрво Месечина заспала.

Од небо Месечина в поле се спуштила,
сега Месечина под гранки си сонува,
в сон мрмори и в сон зборува,
нечие име Месечина небесна тивко довикува.

Под врбово дрво Месечина седнала,
под врбово дрво Месечина заспала.

Косата златна ѝ е под врба послана,
кожата бела, од сјај сребрена,
небото е темно а врбата осветлена,
зошто?
Зошто Месечина убаво сонува.

Под врбово дрво поетот застанува,
под врбово дрво Месечина ја здогледува,
под врбово дрво името в шепот си го слуша,
под врбово дрво разбира,
Месечина е во поетот заљубена.

Под врбово дрво Месечина тивко станала,
под врбово дрво Месечина поетот го бакнала,
под врбово дрво,
во поле широко,
под врбово дрво високо чудна стои таа приказна,
штом еден ја каже, толпа ја одрекува.

Напишете коментар