Skip to content

Октавио Пас – најуниверзален мексикански поет со долга историја

Октавио Пас е роден на денешен ден во 1914 г. во Мексико, а починал на 19 април во 1998 г. во Мексико. Тој беше мексикански поет и дипломат. Критичарите одамна го истакнувале како најуниверзален мексикански и уште повеќе, најуниверзален латиноамерикански поет. Објаснувањето за ова негово место во мексиканската и современата литература треба да се побара во неговото творештво и неговиот живот.

Кратка биографија и за влијанието врз неговата поезија

Клод Рој, во еден свој текст за Пас ќе рече: „Еден поет како Октавио Пас не ни се открива едноставно како продукт на својата биографија, туку неговата биографија е во извесна мерка, продукт на неговата поезија“. Неговото чувство за поезија во кое ќе доминира љубовта кон франуцските романтичари парнасовци и симболисти (Нервал, Бодлер, Рембо, Маларме) и надреалисти (Бретон, Пере, Елијар), а потоа и кон модерните шпански и латиноамерикански поети (Лорка, Алберти, Сернуда, Мачадо и Хименес, Ваљехо, Неруда, Борхес, Уидобро, Пељисер), е развиено под влијание на татко му и дедо му, но и од влијанието на една тетка приврзана за франкофонијата.

Дедо му бил писател, собирач на народно творештво и борец во мексиканската револуција. Татко му бил учесник во граѓанската војна, дипломатски претставник во САД и аграрен реформатор.

Студирал Филозофија, литература и право, следело следење на избликот на поетската и ликовната авангарда, откривање на големината на шпанскиот и мексиканиот барок, објавување на првата книга стихови „Шумска месечина“, 1933. Потоа следат уредување на литературни списанија, организирање литературни групи, запознавање со европската и американската литература и со современата мисла – германската филозофија, феноменологијата, егзистенцијализмот, Ниче, марксизмот.

Што значела поезијата за Пас?

Градејќи го својот критички однос кон состојбите во светот, со отфрлањето на тиранијата на католичкиот, марксистичкиот и нацифашистичкиот догматизам, по критиката на егзистенцијализмот (по живото интересирање за него), афирмирајќи ја својата верба во моќта на песната и доследен на својата приврзаност за романтичарите и надреалистите, Октавио Пас заклучува: „Поезијата е нашето единствено средство против праволинејното време, против прогресот…Поезијата е настојување да се реши неслагањето помеѓу јас и другите. Поезијата: барање на другите, откривање на другиот.“

Позначајни награди меѓу кои и Нобеловата награда за литература

За своето дело, тој билнаграден со наградата Мигел де Сервантес во 1981 година, меѓународната награда за литература во Нојштат во 1982 година и Нобеловата награда за литература во 1990 г.

Во продолжение една негова песна со наслов „Ново лице“

Ново лице

Ноќите ноќта ги брише на твоето лице,
излева масла таа врз твоите исушени клепки,
ја гори мислата во твоето чело
и зад мислата сеќавањето.

Меѓу сенките што те поплавуваат
друго лице се разденува.
И чувствувам дека покрај мјене
не си ти таа што спие,
туку она девојче што беше ти
и што чекаше само да заспиеш
за да се врати и да ме запознае.

Прочитајте ја и „Ден“ – Октавио Пас.

Напишете коментар