Skip to content

Пролетно будење

Ги отворив очиве закоравени,
штом ги почувствував мирисите заборавени,
штом ги зачув птиците распеани,
ме обвија зраците на Април наоколу разлеани.

Зимата ми беше тешка на душава,
при крајот ко да ми копаше јама длабока,
ко да ми влеваше мраз во песната,
ко да сакаше да ми ја замрзне ружата.

На крај и успеа,
ама зимата внатрешна не знае дека ружата моја е бесмртна,
ружата моја никогаш не умира, туку само стагнира,
ко душата што никогаш да постои не престанува.

Тогаш Април дојде одеднаш,
и зимата од срце побегна,
Април со раката топла по ружата смрзната посегна,
и ружата, и таа што да прави сирота, одмрзна.

Очите закоравени се отворија,
ко во ренесанса мислите во главава се преродија,
јамата црна и дупките в срце се затворија,
Април повторно ме оживеа.

Напишете коментар