Skip to content

Читај детенце – Наталија Наумовска

Читај мило дете,
поетот песничка
од зборови сплете,
буква по буква збор
зпор по збор стих
да читаш секаде
и дома и во градинка
и во школо и во двор.

Читај мило дете
со другарчињата песнички
напамет учете
и после заедно да ги пеете.

Читај мило дете,
книгата е најдобар другар твој
страница по страница душа ти гали
никогаш забава да не ти фали!

Читај детенце вредно
сакај го читањето вистински
и нека биде тоа многу искрено,
животно искуство незаменливо едно!

Напишете коментар