Skip to content

Ручек со Бог – кратка приказна

Едно момче тргнало да го бара Бог. Во случај да огладне за попат си спакувал во ранецот кутија колачиња и овошен сок. Одејќи така стигнал до еден парк каде седела една постара жена и ги хранела гулабите. Му се причинило на момчето дека старицата е гладна, па ѝ понудил од своите колачиња. Старицата со насмевка прифатила. Потоа момчето ѝ понудило и од сокот. На ова насмевката на старицата станала уште поголема. Така седеле во паркот со часови, јаделе колачиња и пиеле сок. По некое време момчето изморено тргнало да си оди дома, но се навратило за да ја прегрне старицата. Старицата раширила голема, искрена насмевка на своето лице, а на момчето насмевката му се причинила како да е волшебна.

Кога момчето се вратило дома мајката го прекорила што се враќа толку доцна, па потоа го прашала каде се задржал. На ова момчето одговорило: „Мамо, денес ручав со Бог. Таа ја има најубава насмевка на светов.“

Кога старецата се вратила дома, нејзиниот син забележал дека таа е многу среќна денеска, па ја прашал: “Мајко, зошто си толку среќна денеска?” А таа сѐ уште насмеана му одговорила:
“Денес ручав со Бог. Многу е помлад е одошто мислев.”

Напишете коментар