Skip to content

Чудовиштето под креветот

Напомена: Приказната содржи импликации на семејно насилство

Случај: 273402
Статус: Катастрофален.

Гледам во досието и сфаќам дека немам друга опција, во изминатите две години секое чудовиште, од прво до последно, припишано на Шарлот Дауер даде отказ. Нејзиното прво чудовиште, огромен хуманоид со лице на риба по име Буба, беше со неа четири години пред Шарлот да престане да се плаши од него. После тоа, имаше долга редица на разни, клише, различни и ретки чудовишта…Дури ѝ припишав и емпатично чудовиште во вид на чорапа кое се врати плачејќи. Плачејќи!
Го зедов таблетот в раце, остана уште едно достапно чудовшите – jас. Никогаш не ја сакав теренската работа, ама очајни времиња, очајни мерки.

Па, 20:03 часот, веднаш штом Г-ѓа Гидеон ги заспа Шарлот и нејзиниот помал брат Даниел, тивко доползив под креветот на Шарлот. На другата страна на собата, под колепката на Даниел е стандардното језиво чудовиште, почетник по име Чико. Вниманието го насочив на креветот над мене, Шарлот само што не беше заспала. Ја испружувам раката и со студените прсти и поминувам по образот. Тишина. Пробувам пак.

“Не се плашам од тебе чудовиште.” Прошепотува, но гласот и е треперлив. Можам да видам минијатурен часовник на ѕидот, часот е 20:14, врата некаде долу наеднаш лупа и од креветот на Шарлот слушам мала, исплашена воздишка. Неколку минути поминуваат. Можам да го слушнам Францис Гидеон како ѝ се дере на неговата жена.

Тешки чекори се искачуваат на скалите и длабоки издишувања. Шарлот брзо исскокнува од креветот и… Доползува. под. креветот. до. мене. “Оди понатака!” Tивко ми наредува. Се помрднувам. Вратата од детската соба наеднаш се отвора и тресокот одекнува од ѕидовите. Го чувствувам гадниот мирис на човечките алкохолни пијалоци уште пред мажот да зачекори внатре. Знам зошто Шарлот сега не се плаши од моите чудовишта…таа се плаши од нејзините. Францис ја пушта раката под креветот, а јас ја туткам мојата. Почнува да влече. Излегувам надвор.

“Што побогу…?” Му го прекинувам зборот исправајќи сè целосно до моите три метри. Додека заканувачки висам над пијаниот маж, му поминувам со студената, лигава рака по образот. “Ако уште еднаш го допреш, исплашиш или повредиш моето дете, ќе те најдам и истото ќе ти го правам, цела вечност.” Му ветувам. Трчајќи од собата, Францис се измокрува. Ја повлекувам нежно Шарлот од под креветот, ја покривам и ѝ го бакнувам челото за лека ноќ. “Се гледаме утревечер, спиј убаво мило.” Шарлот Дауер е моето дете. Јас сум чудовиштето под нејзиниот кревет.

Приказната е преземена од интернет. Псевдонимот на авторот на оригиналот е kittenwiskers.

Напишете коментар