Skip to content

Вашингтон Ирвинг, американски писател кој се инспирирал од германски и холандски фолклор

Вашингтон Ирвинг (англиски: Washington Irving) (3 април 1783 – 28 ноември 1859) бил американски писател, есеист, биограф и историчар од раниот 19 век. Роден е на денешен ден.

Најпознат е по раскази „Легендата на Заспаната Долина“ и „Рип Ван Винкл“, кои се дел од неговата книга „Книгата на скици на Џефри Крејон, Гент“. Неговите историски дела ги вклучуваат биографиите на Џорџ Вашингтон, Оливер Голдсмит и Мухамед, како и неколку истории на Шпанија во 15 век, кои обработуваат теми како Кристофер Колумбо, Маварите и Алхамбра. Ирвинг, исто така, бил американски министер на Шпанија во периодот 1842 – 1846 година.

Интернационална слава со издавањето на Книгата на скици

Дебитирал во литературата во 1802 година со низата набљудувачки писма испратени во Утринска хроника, напишани под псевдонимот Џонатан Олдстајл. Откако се преселил во Англија поради семејниот бизнис во 1815 година, постигнал интернационална слава со издавањето на Книгата на скици на Џефри Крејон, Гент во 1819 година. До крајот на животот продолжил постојано да издава свои дела, претежно успешни, и напишал биографија за Џорџ Вашингтон во пет тома, само осум месеци пред неговата смрт на 76 години, во Теритаун, Њујорк.

Меѓу првите американски писатели признаени и во Европа

Ирвинг, заедно со Џејмс Фенимор Купер, бил меѓу првите американски писатели признаени и во Европа, а поттикнал и автори како Натаниел Хоторн, Херман Мелвил, Хенри Водсворт Лонгфелоу и Едгар Алан По. Ирвинг, исто така, предизвикувал восхит кај некои европски писатели, како Сер Волтер Скот, Лорд Брајон, Томас Кемпбел, Френсис Џефри и Чарлс Дикенс. Како првиот вистински меѓународно докажан автор, Ирвинг се заложувал за пишувањето како легитимна професија и расправал за посилни закони за заштита на авторските права на американските писатели.

Први поважни дела

Ирвинг почнал активно да комуницира со група на образовани млади луѓе, кои ги нарекувал „Момчињата од Килкени“. Соработувајќи со брат му Вилијам и пријателот Џејмс Кирк Полдинг, тој го издал списанието за книжевност Салмагунди во јануари 1807 година. Пишувајќи под разни псевдоними, како Вилијам Визард и Ланселот Лангстаф, Ирвинг ја исмевал њујоршката култура и политика. Во доцната 1809 година, додека ја оплакувал смртта на неговата седумнаесет-годишна свршеница, Матилда Хофман, Ирвинг завршил со пишување на неговата прва поважна книга, Историјата на Њујорк од почетокот на светот до крајот на холандската династија, од Дидрих Никербокер (1809), сатира за „надуеноста“ на локалната историја и современата политика

Уредник на списание Аналектик

По успехот на Историјата на Њујорк, Ирвинг барал работа и на крајот станал уредник на списанието Аналектик, каде пишувал биографии на поморски херои, како Џејмс Лоренс и Оливер Пери. Тој, исто така, бил меѓу првите уредници кои ја препечатиле поемата на Францис Скот Кеј, „Одбраната на тврдината Мекхенри“, која подоцна ќе стане овековечена како химна на Соединетите Американски Држави.

Пријател со Волтер Скот

Во летото, 1817 година, го посетил домот на новелистот Волтер Скот, со кого започнал доживотно, лично и професионално пријателство. Ирвинг продолжил успешно да пишува. Расказот Рип Ван Винкл ја напишал за само една ноќ, додека престојувал кај сестра му Сара и нејзиниот сопруг, Хенри Ван Варт, во Бирмингем, Англија, место кое послужило како инспирација и за некои други негови дела.

Во пролетта 1819 година, Ирвинг му пратил повеќе есеи на брат му Ебенезер во Њујорк, и побарал да бидат издадени под името Книгата на скици на Џефри Крејон, Гент. Првото издание, кое ја содржело и Рип Ван Винкл, постигнало огромен успех, но и останатите изданија биле еднакво успешни. Делото се издавало во периодот 1819 – 1820 година во 7 изданија во Њујорк, и во два тома во Лондон (Легендата на Заспана Долина се појавила во шестото издание во Њујорк, и вториот том во Лондон).

Амбициозен Американец кој се осмелил добро да пишува на англиски

Популарноста на Ирвинг постојано растела, а во наредните две години водел активен социјален живот во Париз и Англија, каде често бил нарекуван аномалија во книжевноста: амбициозен Американец кој се осмелил добро да пишува на англиски.

„Зградата Брејсбриџ“

И Ирвинг и Мареј сакале да го продолжат успехот на Книгата на скици, па затоа Ирвинг ја поминал речиси цела 1821 година патувајќи низ Европа во потрага по нов материјал, активно читајќи холандски и германски народни приказни. Попречен од недостиг на инспирација, и депримиран од смртта на брат му Вилијам, Ирвинг работел бавно, за конечно да му достави завршен ракопис на Мареј во март 1822 година. Книгата Салата Брејсбриџ, или Хумористите, Дружина (локацијата била отприлика заснована на Зградата Астон, во која живееле членови на семејството Брејсбриџ, во близина на домот на сестра му во Бирмингем) била издадена во јуни 1822 година.

Форматот на Брејсбриџ бил сличен на Книгата на скици, а во него Ирвинг, како Крејон, раскажувал збирка од повеќе од 50 лабаво поврзани раскази и есеи. Иако некои критичари тврделе дека книгата е помала имитација на Книгата на скици, неа добро ја прифатиле и читателите и критичарите. Критичарот Франсис Џефри посочил во неговото списание Единбуршка критика дека книгата многу го задоволила и дека му е чест јавно да ја пофали. Ирвинг бил задоволен поради позитивните реакции, кои придонеле многу за неговата популарност меѓу европските читатели.

Починал на 76-годишна возраст

Ирвинг почина од срцев удар во неговата спална соба во Санисајд на 28 ноември 1859 година, на 76-годишна возраст – само осум месеци по завршувањето на последниот том од неговата биографија за Вашингтон. Легендата вели дека неговите последни зборови биле: “Па, морам да ги подредам перниците за уште една ноќ. Кога ќе заврши сето ова?“

Тој се смета за првиот писател од Америка што заработувал за живот само со своето пенкало.

Голема улога во промовирање на американската литература

Хенри Вадсворт Лонгфелоу ја призна улогата на Ирвинг во промовирањето на американската литература во декември 1859 година:

Ирвинг го усоврши американскиот расказ и бил првиот американски писател кој ги поставил своите раскази во Соединетите Држави, иако биле преземени од германскиот или холандскиот фолклор. Исто така, тој е генерално заслужен за еден од првите што пишувал на народен јазик  без целда презентира морал или да во неговите раскази да имаат едукативен карактер, пишувајќи приказни едноставно за забава, а не за просветлување. 

Тој исто така влијаел на многу идни писатели, посебно во САД.

Напишете коментар