Skip to content

Труење од сегашноста – Софи Индовино

  • by

Премногу мал капацитет ми имаат белите дробови,

за да ги инспирирам сите токсични етери

што се шират во воздухот

помеѓу овие субјекти со видлив дефицит на човечност,

очигледно маските не нè штитат

од експлозивни супстанци во нивните зборови.

Почнува да мириса на барут…

Лесно запалив гас се шири во просторот.

Моноксидот од тивкото согорување

на шокантните вести ни ја труе секоја клетка,

до молекуларна ниво, ми ја менува ДНК-та.

Ми се лоши, ми се повраќа..

Добивам хипооксичен шок,

од недостаток на свежа објективност.

Сè повидливи ендеми од небулози

ми се шират по телото, зошто системот за толеранција

престана да ми лачи ензим за разградување глупост.

Ќе ми ја реанимира ли некој душата,

Дајте ми ре-анима или доза реконекција со стварноста

или пак да барам друга реинкарнација?

Софи Индовино

Напишете коментар