Skip to content

Првоаприлска шега која наместо смеење довела до паника и забуна кај луѓето

Пред неполни шест дена, кај нас, а и во светот на 1. април се одбележува Денот на шегата кога луѓето кажуваат безопасни шеги. Се објавуваат и лажни новости кои другите ги доведуваат во смешна положба. Шегата се нарекува првоаприлска шега, а оној што ја прави во моментот по објавувањето извикува „Априли-ли-ли“.

Постојат различни верзии за толкување на потеклото на 1. април како Ден на шегата и никој не е сигурен како настанал обичајот. Но во едно сите се согласуваат – смеата служи како добра терапија и никому нема да штети ако се опушти и насмее, барем и на своја сметка.

Меѓутоа, во сè треба да се има мера! Дека првоаприлската шега може да биде и неумесна говори следниов пример од 1980. година.

Прилогот и паниката која ја предизвикал

Спасувајте се луѓе!

Бостонскиот WNACK канал 7 емитувал вонредни вести во кои е објавена ерупција на вулканот “Great Blue Hill“. „Лава и пепел незапирливо тргнуваат во најблиските куќи“, се тврдело во прилогот. Прикажани биле и соодветни снимки кои всушност биле делови од репортажа за вулканот Sent Helens кој еруптирал неколку дена претходно.

Пуштена била и аудио изјава на претседателот Картер кој ситуацијата ја нарекол “сериозна“. На крајот од прилогот, новинарот го подигнал знакот на кој пишувало “Априлили-ли“. Никому ништо не било смешно. Ова сепак било предоцна за илјада луѓе кои веќе испаничено почнале да ја повикуваат полицијата во Масачусетс. Одделението за цивилна одбрана било преполнето со повици на жителите на Милтон, градот кој бил најблиску до вулканот, за кој сакале да знаат дали ќе има евакуација.

Еден човек, верувајќи дека куќата ќе му биде проголтана од лава, ја изнесол болната сопруга на улица во обид да побегнат. Канал 7 бил толку посрамотен што во текот на вечерта емитувал извинување. Хомек Кили, продуцентот кој ја смисил “шегата“ е отпуштен со образложение дека не ја проценил добро ситуацијата како и поради кршење на правилата на американската Сојузна комисија за комуникаци за користењето архивски снимки кои мора да бидат јасно назначени како такви.

Прочитајте ja и кратката историја на култните патики „Старки“.

Напишете коментар