Skip to content

Воздух – Наталија Наумовска

Кислородот е луксуз,
најбогати се тие
што го вдишуваат слободно,
лишени од среќа и здравје
се оние кои се борат за него.

Недостатокот на здив
се плаќа скапо,
многумина со живот платија
во таа тешка и немилосрдна борба,
која не се опишува во една творба.

Воздухов што го дишеме
не е ист со оној
што го дишеле нашите предци,
нашата борба е поразлична од нивната,
заедничка ни е само борбата за опстанок.

Војната е продолжена
и е многу поголема од
борбата за нов здив.

Напишете коментар