Skip to content

Љубовта е семе – Анастасија Стевановска

  • by

Љубовта ја полни празнината што болката ќе го остави местото празно. Секој човек ја доживува љубовта, некој порано, а некој подоцна, но таа е задолжителен дел од животот на човекот. Во светот постојат милиони љубовни приказни, аа е инспирација за живот. Љубовта може да се види само со вистински очи, кои искрено ја бараат. Може да се најде во една мала насмевка, во еден поглед, прегратка или порака.

Љубовта е семе кое сакаме да израсне во еден преубав плод, да го храниме и да му дадеме вода, за да опстане. Односно внимание кон тоа што го сакаме. Нема граници, правила ниту закони, таа е една заклучена кутија, а клучот го има тој што го сакаме. Уживаме кога сакаме некој, среќни сме кога и личноста во нашето срце е среќна. Сакаме некој без граници бидејќи љубовта нè качува на врвот, ама и нè симнува на дното.

За љубов се потребни двајца. Човекот е среќен кога празнината во срцето ќе ја пополни вистинска личност. Вљубените мислат на убави нешта и се насочени кон убави моменти во иднината. Ама сепак вистинската љубов не е таа која нè прави среќни. Во неа има несреќни и лоши моменти туку вистинската љубов е онаа која можеме да ја наречеме незаборавна, неповторлива, авантура од животот. Кога е искрена и вистинска таа знае да биде вечна.

Анастасија Стевановска

Напишете коментар