Skip to content

Драматичен пад – Aлександра Стојановиќ

  • by

Повторно другарувам

со тишината,

ја слушам,

ја чувствувам.

Како вино,

со тага ме опива,

душата моја ја открива.

Дождови се леат над мене,

времето поминува,

но ова болка никако не ме одминува.

Не вреди со тешкотија

повеќе да живеам,

низ песните ќе творам,

низ морињата ќе пловам,

можеби ќе успеам да избегам.

Од животот ќе останат само руини,

но и тие наскоро ќе се избледат

во морските длабочини.

Додека галебот слободно леташе,

војната за углед цветаше.

Сега повторно сум сама,

верувајќи дека светот

е една голема драма.

Aлександра Стојановиќ

Напишете коментар