Skip to content

Избор песни: Изгубените љубови – Јосип Коцев

Изгубените љубови никогаш нема да дознаат
со колку тела сме им пришле,
и во колку животи,
низ колку слушалки сме им молчеле
и со какви здивови,
во колку ноќи сме ги предале
и со какви ѕверови,
на колку слики сме ги обезглавиле
и со какви ножици,
на колку улици сме ги одминале
и со какви прегратки,
во колку кафулиња сме ги сретнале
и во какви соништа,
во колку турканици „не сме ги виделе“
и со какви погледи,
колку сме живееле по нив,
и со какво умирање…

Напишете коментар