Skip to content

Еднаш ќе се умори чекајќи го

Девојката која сакаше да верува дека подобар свет може да постои размислуваше доцна во ноќта. Се сети на разговорот кој го водеше со нејзината другарка од пред неколку години. Во истиот миг кога сфати дека живее во материјален свет, како нешто да ја прободе со нож во срцето.

„Навистина е гадно кога на луѓето им се важни само материјалните работи, знаеш?“, ѝ рече на другарка ѝ повеќе како констатација наместо како прашање. „Ех драга моја, исто и мене ми е жал поради тоа, но што можеме да направиме? „Еве на пример, се чудам како некој може да стави предмет пред нешто суштински поважно. Зарем ние треба да бидеме со некој поради нештата што ги поседува? Ние нема да бидеме со некој поради чевлите што ги носи или поради тоа што подесува во банка, нели?“

„Секако дека нема, ние знаеме што е поважно од скапите работи и предмети кои служат повеќе за фалење отколку што се важни“, ѝ рече другарка ѝ целосно разбирајќи ја поентата на разговорот. Впрочем затоа и се дружеа, бидејќи делеа подеднакви ставови за важните нешта во животот. „Знаеш мила, кога некого вистински го сакаш не ти е толку важно што има, каде живее и од каде доаѓа. Не ти е важно дали поседува автомобил или сметка во банка. Ниту воопшто ти смета дали носи брендирана облека или сосема обични парчиња купени од локална продавница“, беше убедлива девојката која нема да го промени овој став за ништо на светот.

„Сосема дека е така, всушност, самата знаеш дека многу е поважно како некој прави да се чувствуваме, како се однесува со нас, а и ние кон него. Невдидливите нешта се тие кои одлучуваат дали некој вреди да биде во нашиот живот или не. Ех, драга моја, нашата генерација ова како да не го разбира. Како да трча по видливото само за да не отскокнува од толпата. Трчаат, без да запрат и да погледнат со поинакви очи. Можеби никогаш нема да се сетат дека биле во заблуда.“

„Нема да се сетат и тука е клучот што нештата заминаа во таква насока. Жал ми е што ние не можеме да влијаеме на никаков начин за да го смениме ова. Исто така, знам дека тој не е материјалист, но нешто има кај него што ме мачи. Не е воопшто сигурен во врска со мене, само можам до бескрај да си претпоставувам зошто. Ме измачува ова со месеци веќе. Но никогаш прва нема да го направам првиот чекор“, одлучна беше оваа скромна девојка.

„Нека се потруди тој бе мила, ако не е сигурен во врска со тебе не ти треба таков. Зошто да го мислиш кога тој не е способен да направи нешто повеќе? Мислам дека не те заслужува. Постојат илјадници мажи на светов, не е ни прв ни последен. Плус тоа, ти можеш да го имаш секој што ќе посакаш, само ако сакаше да бидеш таа што ќе го прави првиот чекор“, рече другарка ѝ.

„Во право си, нема вечно да го чекам, знаеш. Сигурна сум дека еден ден ќе се уморам него чекајќи го. Еднаш ќе биде доцна, а знам дека дури тогаш нема да има назад.“, заклучи трпеливата, но изморена девојка.

Напишете коментар