Skip to content

Седефеста пештера

Стани, покажи се на светлината

Одврзи ја постелнината

Да се покаже ребрестата суровина

Од неа и песок и очи,

Месо неизгниено,  со одело од земја,

Откорнато од пепелишта

Расчмаено од чемери

Расчичкано од чички на немилосрдие

Излези , покажи се на светлината

Засјаи со очите

Придвижи ги прстите

Загрли ги грлениците

Да поверуваат верниците.

Стани Лазаре,

Отворени се портите

И земјените и небесните.

Стани Лазаре,

Те повикува Творецот на сé

Што дише и постои

На сé што е вековито

На се што е видливо и невидливо.

Стани Лазаре,

Зошто верата е воскресението.

Напишете коментар