Skip to content

Митот за Елена Тројанска, која била таа?

Убавата ќерка на Зевс, за која се водеше Тројанската војна. Најстарата легенда не го споменува името на мајката на Елена, туку само нејзините браќа Кастор и Полукс, како и нејзиниот сопруг – спартанскиот крал Менелај.

Легенди за раѓањето на Елена

Исто така се верувало дека Елена е ќерка на Зевс и сопругата на Тиндареј, Леда. Зевс и пришол на Леда истата ноќ како и Тиндареј и се преобразил во лебед; со таткото на боговите Леда ги зачнала Елена и Полукс, а со Тиндареј – Кастор и Клименестра.

Постои и позната легенда дека Елена е ќерка на Зевс и Немезеида. Со цел да ја избегне прегратката на Зевс, Немезеида избегала преку морето и земјата, преобразувајќи се во разни животни. Кога се претворила во гуска, таткото на боговите, во форма на лебед, се обединил со неа, во Рамнунт, на Атика.

Плод на нивната љубов било едно јајце, со боја на син зумбул, кој го нашол еден овчар. Од тоа јајце се родила  Елена, која Леда и Тиндареј ја воспитувале како нивно дете.

Елена пораснала на дворот на Тиндареј, а  за нејзината исклучителна убавина, се зборувало низ целиот грчки свет. Зборот  стигнал до Атина, Тезеј и неговиот пријател Притој.

Киднапирањето од Тезеј

Иако сè уште не била подготвена за брак, овие херои ја киднапирале и побегнале со неа во Атика. Бидејќи Атињаните не сакале да војуваат со Лакедемонците поради тоа киднапирање, Тезеј ја однел Елена во атичкиот град Афидна и ја довери на својата мајка Етра на чување.

Во отсуство на Тезеј, браќата на Елена – Диоскурите – ја нападнале Атика со својата војска и ја опустошиле земјата сè додека Академ или Ехедем не им го открил местото каде Тезеј го однел девојчето.

Кастор и Полукс потоа ја срамнија Афидна со земја и откако ја заробиле Етра, заедно со нивната сестра се вратиле во својата татковина. Се зборувало дека Елена во тоа време веќе го носела детето на Тезеј под нејзините гради; на враќање во Спарта, таа родила девојче Ифигенија во Аргос и во знак на благодарност за лесно раѓање, подигнала светилиште за божицата Елетија. Нејзината новородена ќерка,  Елена и ја доверила на нејзината сестра, сопругата на Агамемнон, Клименестра.

Бракот со Менелај

По некое време, кралот Тиндареј решил да ја омажи својата убава ќерка. Принцови со богати подароци доаѓале од цела Грција; сите биле угледни принцови, така што Тиндареј не можел да одлучи на кого ќе му ја даде раката на Елена. Одисеј го советувал кралот да се заколне пред сите нив дека ќе го брани избраникот од каква било несреќа и изборот на сопруг ќе го препушти на Елена.

Тиндареј го послушал советот на Одисеј; жртвувал коњ, а потоа ги повикал сите херои да се заколнат пред олтарот дека ќе го заштитат идниот сопруг на Елена. Откако принцовите ја положија заклетвата, Тиндареј ги закопал парчињата на жртвуваното животно на место кое оттогаш се нарекува Коњски гроб.

Елена решилa да му ја подаде раката на Менелај, кој по смртта на Тиндареј станал крал на Спарта. Елена ја родила ќерката на Менелај, Хермиона. Нивната среќа траела кратко, бидејќи божицата Афродита не го поддржала тој брак. Еден ден пред бракот на Елена, Тиндареј принесувал жртви на боговите, но заборавил на Афродита. Со цел да му се одмазди, божицата одлучила неговите ќерки – Елена, Клименестра и Тимандра – да станат прељубнички.

Пресудата на Парис

Пресудата на Парис (во спор меѓу три божици – Хера, Атина и Афродита) донелa несреќа во домот на Менелај и на сите Грци. Афродита му ја ветила на Парис најубавата сопруга, а бидејќи тоа била сопругата на Менелај, Елена, младиот тројански принц, според советите на божицата, дошол во Спарта.

Несвесен за злото кое му се ближи, Менелај го забавувал гостинот девет дена, а потоа го оставил со сопругата и запловил кон Крит за да присуствува на погребот на неговиот дедо Катреј. Во отсуство на Менелај, Парис лесно ја освоил љубовта на неговата убава жена, а таа, со богатството на нејзиниот сопруг и нејзината робинка, мајката на Тезеј, Етра, го напуштила неговиот дом и нејзината малолетна ќерка Хермиона.

Бегањето во Троја

Љубовниците повторно се обединија на островот Кранај, а потоа бродот на Парис, по долго лутање и престојување во Сидон, запловил кон Троја. Тројанците со раширени раце ги пречекале Парис и Елена; сите биле маѓепсани од убавата Елена, дури и кралот Пријам. Менелај и Одисеј подоцна пристигнале во Троја и барале да им се врати Елена, а кога Тројанците одбиле да го сторат тоа, започнала Тројанската војна.

Елена живеела во Троја како законска сопруга на Парис во текот на целата војна, но божицата Ирида постојано ја терала да биде носталгична по својата татковина, родителите и домот на нејзиниот сопруг.

Во последната година од војната, кога Одисеј влегол во градот маскиран како просјак, Елена го препознала, но не го предала.

Бракот со Дејфоб

По смртта на Парис, таа повторно се премажила за синот на Пријам, Дејфоб. Елена наскоро ја изневерила довербата на Тројанците и љубовта кон нејзиниот нов сопруг. Ноќта кога Троја била запалена и уништена, таа им дала знак на грчката флота со запалени факели, а потоа го зела оружјето на Дејфоб и му дозволила на Менелај да го убие. Менелај се откажал од својата цврста намера да и се одмазди на својата неверна сопруга кога повторно го виде убавото лице на Елена пред него; нејзината убавина го смирила неговиот гнев и мечот паднал од рацете на Менелај . Потоа, грчката армија одлучила да ја каменува Елена, виновникот за сите нивни страдања и смрт на многу  херои. Но, нејзината убавина повторно победила и тие се откажале од намерата.

Враќање во Спарта

Враќањето на Менелај и Елена во нивната татковина беше макотрпно и траело осум години. Нивниот брод долго време талкал во источниот дел на Медитеранот и бурата конечно го фрлила на бреговите на Египет. Со помош на Еидотеја и Протеј, Менелај и Елена, со богати подароци, го напуштија Египет и благодарение на поволните ветрови, пристигнаа во Спарта, каде живееја во љубов и хармонија до нивната смрт.

Постои легенда исто така дека Елена никогаш не пристигнала во Спарта. Бродовите на Менелај, полни со злато, се закотвикиле на бреговите на Арго, истиот ден кога Орест им се одмаздил на убијците на Агамемнон – мајката на Клименестра и нејзиниот љубовник Агистиј.

Менелај ја испратил Елена да оди ноќе во дворот на Агамемнон и да открие што се случило во нивно отсуство. Кога Орест ја видел Елена во тројанска облека како седи, опкружена со слугинки, според странските обичаи, сфатил дека таа е виновна за неговите несреќи; со  меч, тој одлетал кон неа, но во истиот момент, по наредба на Зевс, Аполон обвиткал облак околу Елена и ја однел во Олимп, каде што станала бесмртна.

Прочитајте ја и Легендата за Антониј и Клеопатра.

Напишете коментар