Skip to content

Тишина – Јасмина Михајлоска

  • by

Тишина.
А мисливе се гласни.
Тишина.
А срцето зборува.
Тишина.
А душата плаче.

Тишината е тивка рекоа,
ме излажаа.
Тишината е најгласна им реков,
чудно ме гледаа.
Тишината убива си помислив,
но не сфаќаат.

Покри ги ушите, затвори ги очите,
не се нервирај.
Убави мисли, убави соништа,
не се оптоварувај.
Исклучи ги мислите, опушти се,
не претерувај.

Им реков дека сфатив,
се насмевнав.
Им реков дека се во право,
ги послушав
Им реков дека помина,
ги излажав.

И пак е тишина.
Гласна како и секогаш.
Тишина.
Што распарчува.
Тишина.
Која докрајчува.

Јасмина Михајлоска

Напишете коментар