Skip to content

Ако будалите го практикуваат насилството, зошто нормалните не се трудат да го спречат? – Софија Величковска

  • by

Насилство. Ова веќе станува сериозен проблем за кој нема вакцина. Ова станува опасен вирус за кој владата нема никакво решение, никакви мерки. Од страна на дебилите се зголемува сексуалното насилство врз малолетни дечиња, за ова никој не зборува? Или нема што да каже? Во семејствата трпението се намалува и тука поради недоволно воспитание кое мајката требала да му го пружи на еден човек, тој сега жената си ја удира со каиш како да сме во 19-ти век. Ја исфрла на улица со детето и ја остава така до зори да спие на тој студ! Ако ви е срам да зборувате за ова, не знаете како е вам да ви се случи баш тоа. Молчејќи само тупаници ќе добиваме и модринки по целото тело!

Од сето ова најлошо е психичкото насилство. Верувам дека секоја модринка за три, четири или пак десет дена ќе помине, ќе се залечи, дали модринката во умот лесно ќе исчезне? Те тера да проголташ влакно и да спиеш на тоа уво дека ти си виновникот за сè, те тера да се ставиш во чудна, суштинска илузија дека твоето прекрасно женско тело кое има убава форма, исправена и со интересни облиние НИШТО. ТИ СИ НИШТО. Ти ја уништува хармонијата која самата си ја создаваш, во мозокот крв ти врие и веќе не размислуваш ти, насилникот размислува наместо тебе. Ти ја става самодовербата во корпа за отпадоци, ти си уништена веќе, а тоа се нарекува анорексија на срцето, анорексија на умот и душевната состојба.

Плука по тебе, жената ја третира како невидлива малечка мравка во неговиот двор, а него жена го родила. Па да се плукнам на таа потреба да имаш до тебе маж, кога мажот не те штити, кога не ти ги топли рацете, кога таа сила што ја има не ја употребува за ти да бидеш скриена и неповредена, да му се плукнам на имагинацијата која постои во неговиот ум и дали воопшто постои, по ѓаволите, дискутираме дека смртната казна не е во ред, но за овие нелуѓе и како треба да постои! Можеби сега ви изгледам како да сум излегла од праисторијата, но човек што ја убива душата на жената, човек што срцето ѝ го делка за своја потреба, човек што прекрасното испилено тело на жената ѝ го уништува со модринки и вечни белези, тој човек заслужува СМРТ и ништо повеќе од тоа.

Состојбата ни е таква, да молчиме и да гледаме како пропаѓа владеењето на жената и колку таа е всушност важна за ова општество, а колку е неценета и непочитувана! Животот ништо не подарува, единствен подарок ви е жената. А вие што правите со подарокот? Го земате в рака ги кинете панделките, ја ставате кутијата под нозе и ја газите. Да ви се ПЛУКНАМ НА МАШКОСТА БРЕ НЕМАЖИШТА ЕДНИ! Ако сум одвоила дваесеттина минути да посветам на вас и на ЖЕНАТА која е ваша ХЕРОИНА, тоа значи дека вашата сила треба да ја пренасочите да ја штитите неа, не и да ја огрдувате нејзината убавина, еден ден ова ќе ви се одбие од главата, верувајте ми на зборот!

Софија Величковска

Напишете коментар